Седум жители на Кавадарци и шест мигранти кои биле откриени вчера се тестираат од коронавирус, изјави за Батали.нет директорот на Центарот за јавно здравје Велес, Тони Димитриевски.
Нивните резултати треба да бидат готови попладнево.
Димитриевски рече дека кај нив стигнале резултатите од велешанецот, кој два дена е хоспитализиран на инфективното одделени на велешката болница и тие биле негативни.
Директорот Димитриевски апелира до граѓаните да не создаваат паника и да веруваат само на официјални информации кои доаѓаат од релевантни институции.