Сеуште гори во близина на село Степанци

Pozar Drenovo Jabolciste

Сеуште гори на планината Мукос, кај село Степанци, во месноста викана Кадиица и селата Оморани и Ораов Дол во Општина Чашка известија од Центарот за управување со кризи. Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 32 пожари на отворен простор, од кои 27 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а четри се уште се активни, информирааа од ЦУК.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Покрај пожарот во Општина Чашка, активни пожари има на територија на Општина Чучер-Сандево, кај село Танушевци, во месноста викана Рамно, во Општина Прилеп, кај селата Пештани, Кокре и Кален и во Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, во близина на полигонот Криволак.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Изгаснати пожари има во општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Гостивар, Врапчиште, Прилеп, Долнени, Битола, Кочани, Кичево, Струга, Штип, Теарце, Боговиње и Крива Паланка.

Можеби ќе ве интересира: