Шаќири: За околу десетина дена ќе се знае кога ќе почне новата учебна година

post-covid uciliste
post-covid uciliste

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува за десет дена да има конечен став на кој датум ќе почне новата учебна година, најавувајќи дека следната недела ќе се дискутира кој од трите предлози кои ги има МОН е прифатлив за сите засегнати страни.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според него, пред Комисијата за човечки ресурси ќе бидат образложени трите предлози кои биле оформени во консултација со учениците, наставниците и родителите. Првиот е новата учебна 2023-2024 година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши до крајот на јуни. Другите два предлози се почетокот да биде како досега, на 1 септември, но во едната од овие две варијанти би имало и краток пролетен распуст за учениците.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Јас како министер ќе ги предложам сите три предлози. Во истата Комисија ќе бидат повторно вклучени униите на средношколци и синдикатите, за членовите на Комисијата да го слушнат нивното мислење. Мислам дека во рок од 10 дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе се прифати“, рече Шаќири.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: