Актуелниот шампион и победник на футсал Купот на Македонија го декласираше составот на Кеги Моби и го испрати со 15 погодоци во мрежата. Велешани успеаја еднаш да ја затресат мрежата на домаќините за конечни 15:1.
За домашниот состав по три погодоци постигнаа Камило Гомез и Де Соуса, по два погодока постигнаа Зекири и Петровиќ, додека по еден погодок постигнаа Берио, Посада, Крстевски, Рамадани и Левески. Единствениот погодок за велешани го постигна Виктор Стојковски.
По три одиграни кола во Првата македонска футсал лига, екипата на Кеги Моби се наоѓа на двететата позција со еден освоен бод. Во следното коло, во Велес гостува екипата на КМФ Проект од Јосифово.