Ракометарите на Фруитленд Борец викендов ќе го одиграат последниот натпревар на домашен терен во оваа календарска година. Во спортската сала „Ѓемиџии“ ќе гостува екипта на Пролет од Скопје.
Овој натпревар е добра шанса за велешани да успеат да освојат нови бодови пред крајот на првиот дел од првенството, и да имаат што е можно подобра позиција во плеј аут разигрувањето напролет.
Натпреварот кој ќе се одигра утре, сабота, 14 декември, започнува во стандардниот термин од 18 часот а влезот ќе чини 50 денари. Натпреварот ќе го суди судиската двојка, Димитар Митровски и Благојче Тодоровски од Битола.