Шест мигранти пронајдени во приколка од камион на бензинска пумпа кај Велес – префрлени во Центарот Винојуг

Migranti vo kamion

Шест мигранти пронајдени во приколка од камион на бензинска пумпа кај Велес – префрлени во Центарот Винојуг

Шест лица, мигранти од Египет, беа пронајдени во приколката на товарно возило со бугарски регистарски ознаки, паркирано на бензинска пумпа на автопатот Велес–Градско, соопшти СВР Велес.

Agria

Инцидентот бил пријавен на 27 јуни околу 10:30 часот, откако сведоци слушнале гласови за помош кои доаѓале од задниот дел на возилото. По интервенција на полициските службеници, била скината пломбата од приколката и од неа биле изнесени шестте мигранти, на кои веднаш им била пружена медицинска помош од екипа на Итната медицинска служба од Велес.

По извршената проверка, утврдено е дека возилото било управувано од Д.Н. (41) од Охрид. Со него бил извршен службен разговор и било утврдено дека нема основи за покренување кривична постапка.

Мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија, каде ќе се постапува согласно процедурите за странски државјани кои илегално влегуваат во земјава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: