Шесгодишно девојче од Велес е жртва на куче – домашен миленик, кое вчера околу 11 часот го нападнало во близина на училиштето „Кирил и Методиј“. Кучето било оставено без надзор од сопственикот, велат од полицијата.
„На 29.10.2020 гoд. околу 11.00 часот во Полициската станица Велес Г.С.(41) од Велес пријавил дека на ул. „Архиепископ Михаил“, куче – домашен миленик, оставено без надзор, ја каснало неговата шестгодишна ќерка“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Очевидци раскажуваат дека кучето го нападнало девојчето, кое одело на училиште, а глетката била страшна. Во близина на нападнатото девојче имало и други деца, кои биле во шок од глетката.
На повреденото девојќе му е пружена медицинска помош и повредите му се санирани.
Можеби ќе ве интересира: