На регионалниот пат Велес-село Извор вчера се случила тешка сообраќајна незгода во која биле повредени шест лица.
„Во сообраќајката учествувале автомобил „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управуван од А.М. (31) од Велес и камион „мерцедес“, без регистарски ознаки, а го возел Р.К. (60) од село Баница, струмичко. Со тешки телесни повреди се здобил возачот А.М. и негова малолетна сопатничка од село Горно Оризари, а со телесни повреди во велешката болница се пренесени А.Д. (38), Н.Д. (38), С.К. (30) и малолетен сопатник, сите од Горно Оризари“, соопштија од СВР Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: