Шкендија убедливо триумфира против Борец во Велес

Borec - Skendija

Денеска во рамките од 20 коло во Првата македонска фудбалска лига составот на Шкендија ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Велес кај Борец триумфирајќи со 0:3. Стрелци на головите беа Кире Маркоски во 43., Ангелче Тимовски во 60. и Бруно Дита во 78. минута од средбата.

Со овој пораз велешани се на претпоследната 11 позиција со 13 бодови, место кое води кон понизок ранг на натпреварување, додека тетовци се на минус пет во однос на лидерот Шкупи кого утре го очекува средба против Работнички.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Следното коло велешани се одново домаќини, овојпат на екипата на Струга Трим Љум.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: