Футсал тимот на Кеги Моби доживеа убедлив пораз во 16 коло од Првата футсал лига на Македонија. Во спортската сала „Енвер Идризи“ во скопската населба Чаир, велешките футсалци загубија со 6:1 од од второпласираниот тим на Шкупи.
Содржината продолжува под рекламата
Стрелец на единствениот погодок за Кеги Моби беше Петар Левков во 31 минута од натпреварот. За Шкупи по два пати стрелаа Мемедов Бурак и Салиевски Сали, по еден погодок постигнаа Јахја Абдил и Јакупи Бејтула.
Содржината продолжува под рекламата
До крајот на првенството остануваат уште два натпревари за велешкиот тим. Следната недела во Велес гостува екипата на Црна река, а потоа гостуваат во Кавадарци кај екипата на Клими.
Можеби ќе ве интересира: