Штипјанецот Георгиевски изгради нов дом за самохрана мајка на три деца

Кога системот затајува, хуманоста стапува на сцена. По објава на фејсбук поранешниот пожарникар Александар Георгиевски решил да и помогне на Елена Манасиева и нејзините три  деца од кои најмалото има два месеци, најголемото четири години.

Zito akcija 640x289px

Живеаат од социјална помош и детски додаток. Поради неухранетсот и болест од лошите услови лани пред да наполни една година починало едно од децата. Порано кровот протекувал, влага имало насекаде, а Елена не верувала  дека за неполн месец таа и децата ќе добијат пристоен кров над глава.

Agria

„На почетокот не верував, но штом почнаа да доаѓаат работниците, градежните материјали тогаш веќе видов дека не е шега. Многу сум му благодарна на Александар зе се што направи“, изјави Елена Манасиева.

Ова не му е прва хумана мисија на Георгиевски. Тој беше и единствениот штипјанец што замина да помогне по земјотресот во Петриње. Вели дека куќата е целосно реновирана и со помош на донатори се обезбедни сите услови.

Георгиевски вели дека го продолжува аманетот на баба си. Засега не планира нова акција, но вели дека за секој негов потфат е потребна подршка од медиумите, но и големите компании од кои најголем дел ретко се одлучуваат за донирање. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18633/brojkata-na-zarazeni-so-kovid-19-vo-veles-dostigna-3300/