Штрајкот и понатаму продолжува, одбиено покачувањето за 10 % кое го предложи Владата

Генералниот штрајк на СОНК продолжува. Понудата на Владата за зголемување на платите за 10% не ја прифаќаат, бидејќи како што велат приближно толку е и инфлацијата 8, 8 %, па многу лесно ќе го „стопи ‘ овој процент.

Zito akcija 640x289px

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков објави нов статус на неговиот профил на Фејсбук, по што се пожали дека се врши голем притисок врз штрајкувачите.
Неделков вели дека почнале жестоки напади врз штрајкувачите, но и покрај тоа штрајкот нема да се прекине.

Agria

„Со лична и колективна дискредитација не се доаѓа до решение и запирање на штрајкот во градинките и училиштата.

Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК. Со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот. Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е.

Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК (Советот на СОНК), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе ,,разумна,, одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека ,,понудата не важи,,. Не благодариме! “, напиша Неделков.

Шаќири потсетува дека државата памети долги штрајкови во образованието, но дека тие завршувале без спогодби. Исто така вели дека обиди за штрајкови имало и во регионот, но завршувале без зголемени плати. Затоа повикува да постои доверба во процесот, штрајкот да биде ставен во мирување, и да се склучи спогодба за зглемување на платите.

Министерката за труд и социјала пак потсетува дека на штрајкувачите, согласно закон ќе им бидат исплатени само придонесите за деновите поминати во штрајк. Ги повика општините да ангажираат заменски негователи.

Министерот Шаќири вели дека е во постојана комуникација со раководството на СОНК. Штрајкот започна минатата недела и наставата од тогаш е во прекин. Преговорите на кои Владата понуди зголемување на платите од 10%, СОНК вчера ја одби. Нивното барање е раст на платите од 18,4%.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29304/poskapuvane-na-gorivata-od-polnok/