Силен земјотрес го погоди Загреб, тешко повредено 15 годишно дете

zemjotres Zagreb naslovna

Петнаесетгодишно девојче е тешко повредено и се бори за живот откако утрово во 6:24 силен земјотрес го погоди Загреб. Медиумите во Хрватска прво објавија дека девојчето загинало кога врз неа паднале делови од покрив на зграда, но последната информација е дека тоа е живо, но се бори за живот.

Zito akcija 640x289px

По првиот потрес кој утрово околу 6:24 часот го погоди Загреб и северозападниот дел на Хрватска и имал јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала, се случи и втор, половина час подоцна, а бил од пет степени. Во наредните часови се регистрирани уште два поблаги земјотреси.

Agria

Во Загреб се оштетени бројни згради и автомобили, а во болниците се примени и десетина, полесно повредени.

„Не влегувајте во куќите, останете надвор“, предупреди шефот на загрепскиот Центар за управување со кризи, Павле Калиниќ.

Види ја галеријата на фотографии од урнатините во Загреб на нашиот Facebook Fan Page.

https://www.facebook.com/HRTvijesti/videos/572877713318989/