Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони бил позитивен на тестот за коронавирус и е во домашна изолација во својот дом во близина на Милано, а интервјуата за поддршка на неговите сопартијци за претстојните избори ќе ги прави од дома, соопшти неговата портпаролка.
Берлускони, кој е медиумски тајкун и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Милан, овој месец ќе наполни 84 години, а во 2016 година беше подложен на операција за замена на срцевиот залисток.
Берлускони девет години беше премиер на Италија и останува важна фигура во италијанската политика, и покрај законските проблеми, меѓу кои и пресудата за даночна измама од 2013 година.
Од почетокот на пандемијата досега во Италија се регистрирани 271 илјади случаи на ковид-19, а повеќе од 35 илјади луѓе починаа од вирусот.
Можеби ќе ве интересира: