Синдикатот на Еуроникел Индустри утре ќе ја блокира фабриката

Protest FENI
Protest FENI

Ако до денес до 15 часот не се добие позитивен одговор за исплата на плата, набавка на струја за печката и продолжување со производство, синдикатот на Еуроникел индустри, најави блокада на комбинатот за во четврток. Според нивните најави блокадата ќе ја започнат во 5 часот и 35 минути.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претседателот на синдикатот, Миле Ѓорѓиев за медиумите изјави дека синдикалната организација е загрижена и незадоволна од состојбите. Доколку нивните барања не бидат исполнети тој најавува дека ќе се блокира влезот во фабриката и нема да се пропушта никој да влезе.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Ѓорѓиев информира дека на барање на раководството на синдикатот се одржала средба со директорот и раководството на Еуроникел индустри. Бил побаран одговор на повеќе прашања.

„Ни беше речено  дека септемвриската плата ќе се доплати кога ќе има средства, но без одредена дата. Потоа се постави прашањето до каде е барањето на нов партнер. Овде одговорот беше дека во рок од 30 дена ќе се реши што и како понатаму,  а нема одговор како ќе се преживеат тие 30 дена. За нас како Синдикат очигледно е дека сопственикот сака да ја продаде фабриката, само не може да се договори за цена со потенцијалниот инвеститор. Директорот ја демантираше оваа констатација и на прашањето дали има конкретна понуда за преземање на компанијата од заинтересиран инвеститор вели дека се уште нема таква понуда – што значи дека сакаат да ја продадат фабриката“, вели  Ѓорѓиев.

Тој додаде дека на средбата не бил добиен одговор и на прашањето од каде ќе се најадат пари за октомвриската плата, за струја за печката но и за тековно одржување на фабриката.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: