Синдикатот на фудбалери на Македонија демантира дека шест фудбалери се позитивни на коронавирус. Оттаму потврдуваат дека во клубовите има позитивни на Ковид-19, но тоа не значи дека сите се фудбалери.
„Точно дека има шестмина заразени во двата клуба од Тетово, но тоа не значи дека сите се фудбалери. Тестирани беа сите луѓе кои што работат во клубовите и со првата екипа. Процедурално од Аџибадем Систина ни јавија дека известен е Институтот за јавно здравје и понатаму се превземаат сите потребни дејствија од нивна страна. Во интерес на фудбалот и за доброто на сите јавно ги замолуваме електронските медиуми да не шпекулираат и да се држат до она што е објавено од наша страна“, велат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука првенството во Првата фудбалска лига да продолжи, а веднаш по одлуката, Синдикатот обезбеди тестирање на екипите. Претходно, сите тестови направени врз фудбалерите и фудбалските работници во Борец, Брегалница, Работнички и Академија Пандев беа негативни.