Скопје под силно полициско обезбедување, протест за осудените во случајот „Монструм“

protest monstrum policija

Со скандирања УЧК УЧК, транспаренти, албански знамиња и барања за оставки од првите луѓе на Јавното обвинителство, започна денеска протестот на поддржувачите на осудените во случајот „Монструм“ кои се против пресудите изречени во овој судски предмет.

Zito akcija 640x289px

Протестот почна во чаир, а треба да заврши пред владата. Ова е втор протест откако судот ги објави казните за петтемина обвинети за петкратното убиство кај Смилковско езеро. На претходниот протест, демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит пазар при што беа повредени 11 полицајци, а нападната беше и новинарска екипа.

Agria
protest monstrum

Уште пред почетокот на протестот околу владината зграда можеше да се забележи силно полициско обезбедување.

Во случајот „Монструм“ со првостепената пресуда, која Основниот кривичен суд во Скопје ја изрече на 23 февруари, на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда откако обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.

Ова беше второ судење за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, со оглед дека претходната пресуда со која сите шест лица беа осудени на доживотен затвор беше укината од Врховниот суд.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19713/brojot-na-hospitalizirani-paczienti-na-infektivno-od-den-na-den-raste/