Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Samoizolacija
Samoizolacija

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна седница на Комисијата за заразни болести.

Zito akcija 640x289px

Конечната одлука ја носи Владата на предлог на Министерството за здравство, а врз основа на препораките на Комисијата.

Agria

“На состанокот на Комисијата не стана збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со започнувањето на второто полугодие од учебната година. За овие прашања ќе се разговара дополнително на некои од наредните состаноци“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Анализите во моментот укажуваат на тоа дека сè уште има капацитет за сместување во болниците, но доколку сликата се смени и болниците се преполнат, Министерството за здравство веднаш би ги ставило во функција останатите капацитети на јавно-здравствените установи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: