Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека имал тешка средба во Брисел и дека ќе ги има уште, бидејќи, како што тврди, премиерот на Косово Албин Курти не бил подготвен да ја прифати ЗСО и не знае дали ќе биде подготвен да го стори тоа во иднина.
Содржината продолжува под рекламата
„Имавме тежок состанок, ќе имаме уште средби, на 18 март треба да се видиме на територијата на Северна Македонија кога Жозеп Борел ќе го посети регионот. Дотогаш со Лајчак треба да разговараме за работите за имплементација“, рекол Вучиќ во обраќањето од Брисел.
Содржината продолжува под рекламата
Додал дека е договорено да продолжи разговорот.
„Како и да гледате, ЗСО е на прво место. Се плашам дека тоа е пречката“, изјавил Вучиќ.
Курти изјавил дека е подготвен да го потпише европскиот предлог денеска во Брисел, но дека „српската страна одбила“.
Во изјава за медиумите по дијалогот во Бирсел, Курти го нарече „загуба“ тоа што „ништо од договореното“ не е потпишано, пишува „Коха“.
„ЗСО е последната реченица во последниот член. Тоа е договор кој целосно ја воспоставува еднаквоста на страните, тоа е договор за симетрија, добрососедство и соработка во иднина, секогаш на демократски и европски начин. Јас не го потпишав затоа што другата страна не сакаше да потпише. Изразив волја и интерес да го потпишам овој текст“, рекол тој.
Можеби ќе ве интересира: