Смедеревка и вранец за 18 и 20 денари за килограм

Производната цена на винската сорта на грозје „смедеревка“ изнесува 18,3 денари по килограм, а на „вранецот“ 20,8 денари по килограм, соопшти Министерството за земјоделство.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Како што е соопштено, во производната цена на грозјето влегува цената која ја пресмета Земјоделскиот институт – Скопје пресметана врз основа на трошоците на лозарите  плус 25% предвидени со Законот за вино.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

„Производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет  (Службен Весник 146/24).

Производната цена на грозјето е основа за формирање на откупната цена на грозјето. За денеска најавена е средба со менаџментот на Винарските визби и откупувачи на која ќе се дискутира за новите цени и откупот на грозје.

Можеби ќе ве интересира: