Сметките на „Жан Митрев” остануваат блокирани, одлучи Апелација и му ја одби жалбата

zan_mitrev

Апелацискиот суд донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Жан Митрев и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев од Скопје, и го потврди предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство – Скопје кон обвинетиот и правното лице.

Zito akcija 640x289px

„Советот на овој суд најде дека првостепениот суд правилно постапил кога го прифатил предлогот на Обвинителството и спрема обвинетите определил привремени мерки – забрана за оптоварување и располагање со недвижноста наведена во изреката на решението, како и забраната за исплата на износите наведени во изреката на обжаленото решение од сметките на правното лице за износите за кои е определена мерката, наоѓајќи дека се исполнети сите законски услови“, стои во соооштението од скопска Апелација.

Agria

Жан Митрев, како физичко лице и неговата болница, како правно лице – се товарат за продолжено кривично дело „измама“.

Предметот беше оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лекување од ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38027/rakometarite-na-bisinov-se-plasiraa-vo-chetvrtfinale-na-pionerskata-liga/