Организаторот на натпреварувањето, Фудбалската федерација на Македонија ги одложи за следниот викенд, за денес предвидените пет натпревари од првото пролетно коло на Првата фудбалска лига. Низ цела држава падна обилен снег, кој оневозможува оптимални услови за игра.
„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло од 1 МФЛ што требаше да се одиграат денеска ги ОДЛОЖУВА за следниот викенд 21.02.2021 година (недела),“ се вели во соопштениетод од ФФМ.
Вчера се одигра еден натпревар од ова коло во Струмица, каде Академија Пандев загуби од Работнички со 0:1.
Можеби ќе ве интересира: