Фудбалерите на Борец 1919, уште еднаш ги разочараа своите симпатизери. На домашен терен тие се поразени од екипата на Вардар Неготино со резултат 1:2, полувреме 0:1.
Гостите од Неготино дојдоа до трите бода во 94 минута од натпреварот, кога Ники Зумровски го постигна победоносниот гол. Претходно, во првиот дел Вардар поведе во 36 минута преку Обадиќ, а Стојанче Костадиновски донесе надеж кај домашниот состав за поволен резултат во 87 минута.
По 11 одиграни кола, Борец е на 15 место на табелата со освоени само 5 бода. Во наредното коло во Велес гостува лидерот на табелата, екипата на Македонија Ѓорче Петров.