И на вториот натпревар на домашен терен, фудбалерите на Борец 1919 минимално се поразени со резултат 0:1. Овој пат бодовите од Велес ги однесе екипата на Новаци, и ги остави велешани на дното на табелата без освоен бод.
Содржината продолжува под рекламата
Во цврст и натпревар без многу шанси, Борец беше за нијанса подобар противник. Сепак и малкуте шанси што ги имаа домаќините не успеаа да ги реализираат. Најзрелата шанса ја имаше Пеце Стојанов кој од непосредна близина на голот биеше ви голманот. Затоа следуваше казна во 95 минута кога Михаил Милевски го постигана победничкиот гол за гостите.
Содржината продолжува под рекламата
Навивачите на Борец незадоволни го напуштија Градскиот стадион „Зоран Паунов“, барајќи оставка од домашниот тренер Љупчо Димитковски, поради лошите резултати на клубот.
Можеби ќе ве интересира: