Викендов стартува новата сезона во Првата македонска футсал лига. И оваа година 10 екипи ќе се борат за титулата. Ждребот сакаше велешкиот футсал клуб Кеги Моби и оваа година да го започне првенството на гостински терен против екипата на КМФ Осогово од Крива Паланка.
Содржината продолжува под рекламата
Пред почетокот на првенството, управата на клубот доведе неколку засилувања, а во подготвителниот период одигра неколку натпревари на кои нема забележано пораз. Од клубот се надеваат дека сезоната ќе ја започнат со победа.
Содржината продолжува под рекламата
„Одиме на отворање на сезоната со 3 бода за да си ја оствариме целта опстанок уште во првиот дел. Осогово има нови играчи но сепак ќе одиме на победа и на тоа дека не се познаваат сеуште добро како старосоделците кај нас и дека предноста ја гледаме во искуството на футсал терените“, изјавија од КМФ Кеги Моби.
Натпреварот против КМФ Осогово ќе се одигра во понеделник со почеток од 18 и 30 часот, во скопската сала „Бранители 2001“. На останатите натпревари се среќаваат, Форца – Железарец, Јувентус – Шкупи, Црна Река – Проект и Бутел – Клими.
Можеби ќе ве интересира: