Со изведба на „Отело“ и доделување на наградите завршува 18. фестивал „Стоби 2021“

Со претставата „Отело”, копродукција меѓу „Перипетија”, МНТ, МКД и НП Зеница, која ќе биде изведена во чест на лауреатите, вечер во Велес завршува 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби” 2021.

Zito akcija 640x289px

Претходно ќе бидат доделени и традиционалните награди: Гран при за најдобра претстава, за најдобра женска и машка улога и за најдобра режија. Наградите нема да бидат како досега, статуетка со Менада, туку по еден дијамант од спонзорот „Божиновски”.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Изборот на најдобрите го направи жирито во состав: Васил Зафирчев и Кети Борисовска, двајцата актери, како и Розе Трајчевска, костимограф.

Текстот продолжува под рекламата

На фестивалот беа изведени претставите „Орестија” копродукција меѓу велешкиот театар и Националната опера и балет, „Исмена” на велешкиот Народен театар, „Орестија1/4″ во продукција на МКЦ од Скопје,„Протеј, дел од сеќавање кое недостасува” во продукција на тетарот Анд Ленд од Грац, Австрија,„Бакхи, краток преглед на распадот” во продукција на Народниот театар од Битола и „Едип коментари” во продукција на НУЦК „Ацо Шопов” од Штип.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: