На 36 основни и 13 средни училишта под надлежност на општините и на Град Скопје им се одобрени барањата по јавниот повик за финансирање проекти за реновирање училишни објекти од буџетот од Министерството за образование и наука, кое на својата веб-страница ги објави ранг-листите на проектите од прифатените апликации доставени до 15 април 2021.
Според резултатите од јавниот повик што ги објави МОН, со пари од Министерството ќе се финансиираат различни реконструктивни зафати во училишта. На листата со прифатена апликација за реконструкција се и две средни училишта од Велес.
ССОУ Димитрија Чуповски и Гимназијата Кочо Рацин со пари од Министерството ќе го реконструираат објектот, додека ССОО Коле Неделковски ќе го реконструира кровот, санитариите и внатрешната столарија.
Јавниот повик беше објавен со цел да се подобрат условите и квалитетот на образованието, а средствата за оваа намена ќе се обезбедат од буџетот на МОН преку постапка за јавна набавка спроведена од Министерството.
Можеби ќе ве интересира:
https://batali.net/22528/gorivata-od-polnok-ke-se-tochat-po-novi-poevtini-czeni/