Ракометниот клуб Борец во рамките на шестото коло од Првата ракометна лига Група А, ја сивлада Преспа со резултат 31 : 26, и со тоа ги задржа шансите за пласман во плеј офот.
Клучната разлика велешани ја направија уште на почетокот на натпреварот, после 3:3, кога се одлепија на 7:4 и во раната фаза веќе имаа убава предност. Во продолжение на првиот дел го контролираа резултатот и имаа највисоки шест гола, но на полувреме беше 16:11. До крајот на дуелот екипата од Велес сигурно одигра за трета победа.
Најефикасен во победничкиот тим беше Кире Мачевалов со седум гола, пет постигнаа Антониј Андовски и Илија Табаков. Во составот на Преспа најдобар стрелец беше Филип Шиклевски со 11 погодоци, а Шабединовски постигна седум. Во следното седмо коло Борец ќе игра со Драчево.
Можеби ќе ве интересира: