ШПАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ, МАКЕДОНИЈА И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА 30 ЧЛЕНКА НА НАТО

Шпанскиот Сенат попладнево едногласно го одобри Пристапниот протокол за членство на земјата во НАТО и покрај кризата со коронавирусот. Со тоа е отворен патот Македонија да стане 30 членка на Алијансата.

Zito akcija 640x289px
NATO

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на прес конференција со амбасадорот на Шпанија Емилио Лоренцо Сера, најави дека следен чекор е ратификацијата да се испрати до Стејт Департментот кој, пак, потоа ќе испрати известување до НАТО во Брисел.

Agria