Шпанскиот Сенат попладнево едногласно го одобри Пристапниот протокол за членство на земјата во НАТО и покрај кризата со коронавирусот. Со тоа е отворен патот Македонија да стане 30 членка на Алијансата.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на прес конференција со амбасадорот на Шпанија Емилио Лоренцо Сера, најави дека следен чекор е ратификацијата да се испрати до Стејт Департментот кој, пак, потоа ќе испрати известување до НАТО во Брисел.