Со тешки изгореници настрада човек во пожар кој се случи вечерва

pozhar-stan-780x459-678x381
pozhar-stan-780x459-678x381

Штипјанец настрада вечерва во неговиот стан во центарот на градот кој вечерва избувнал од засега непознати причини. Тој со висок степен на изгореници е хоспитализиран во штипската Клиничка болница.

Возило нa Итната медицинска помош веднаш го транспортирала во градската болница во Штип.

Agria

Ален Ѓеорѓијев, директорот на Клиничка болница-Штип, вели дека лекарите веднаш му ја пружиле неопходната медицинската помош, а поради високиот степен на изгореници ќе биде испратен на Клиниките во Скопје.

Тони Атанасов, командирот на ТППЕ-Штип, вели дека во гаснењето на пожарот се вклучиле шестмина пожарникари со две возила. Успеале да го извлечат од неговиот стан, а не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите станови во станбената зграда. Причините за пожарот се уште не се знаат, но се очекува од страна на полицијата да биде извршен увид.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: