Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 102 возачи, соопштија од МВР.
13 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелирааат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира: