Собрание: Не се исполнети условите за усвоjување на законитe за игри на среќа

kazino
kazino

Законот за игри на среќа со кој требаше казината да се оддалечат на 500 метри од училиштата, не го помина собранискиот филтер. За овој закон да биде усвоен, требаше поддршка од 61 пратеник, а фалеа дури 10 гласови. Асоцијација на приредувачи на игри на среќа кажа дека донесувањето на овој закон ќе остави илјадници граѓани без работа оти ќе бидат затворени скоро сите казина низ Скопје.

Zito akcija 640x289px

„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон“, велат од Собранието.

Agria

На почетокот на февруари, пратениците го усвоја Законот, кој беше предложен од Владата со европско знаменце. Кога стигна на потпис кај претседателот Стево Пендаровски, тој го врати назад со образложение дека овој закон не може да се носи со европско знаменце.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: