Соколи 1933 му го нанесе петиот пораз на Борец Баскет и се искачи на врвот на табелата. Во спортската сала Јордан Мијалков во Штип домашниот состав го совлада Борец Баске то 93:84.
Дербито на Втората кошаркарска лига во Штип донесе добра кошарка. Штипјани, цело време водеа, сепак, велешани се до крајот се бореа да избегнат го поразот, но не успеаја. Во првото полувреме, имаше одлична борба од двете страни, но домашниот состав беше тој што го диктираше резултатот кој изнесуваше 46:37.
Во еден момент од натпреварот, штипјани имаа водство и од 12 коша разлика, 84:72, но гостите од Велес не се предаваа. Успеаја да намалат на плус шест 84:78, но домаќините со мудра игра успеаја да го зачуваат водството за конечни 93:84.