Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 30 до 40 степени.
И во Велес денеска ќе има сончево и многу топло време со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе биде од 18 степени наутро, до 40 во текот на денот.