Денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Утринската температура се движи во интерал од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од 27 до 39 степени.
Во Велес денеска се очекува слично време, сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 37 Целзиусови степени.