
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Содржината продолжува под рекламата
Утринските температури се движат од 15 до 21, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 Целзиусови степени. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.
Содржината продолжува под рекламата
Во Велес сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Можеби ќе ве интересира:
- Дизел горивото oд ноќеска поевтинува за еден денар, бензините половина денар
- Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
- Променливо и посвежо време со услови за локален пороен дожд и грмежи
- Инспекторатот наложи нови проверки во биогасната централа кај Градско поради жалби за смрдеа
- Шумски пожар кај село Бекирлија во општина Лозово, активен еден од десетте пожари во земјава