Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има можна изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималната од 24 до 36 степени.
Во Велес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 36 Целзиусови степени.