Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, додека максималната ќе се искачи до 34 степен.
Во Велес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи до 34 степени Целзиусови.