Сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 20 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 24 до 35 степени Целзиусови.
Во Велес, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени Целзиусови.