Властите во Грција им наредија на лекарите од приватниот сектор во поширокиот регион во Атина да му помогнат на јавниот здравствен систем во борбата против зголемувањето на бројот на новозаразаени со коронавирус, изјави вчера министерот за здравство Василис Кикилиас.
Владата и Министерот за здравство претходно ги повикаа лекарите во приватниот сектор да помогнат бидејќи грчките јавни болници се преполнети од зголемувањето на бројот на новозаразени пациенти со Ковид-19 и имаат помалку легла во единиците за интензивна нега, а до овој момент само 55 одговориле на повикот, објави државната телевизија ЕРТ.
„Не можам да замислам колеги кои положија хипократска заклетва да не сакаат да дојдат и да им помогнат на овие луѓе во борбата“, изјавил министерот за здравство Василис Кикилиас.
Сликата во речиси сите болници во Атика е слика на воена состојба, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас по посетата на атинска болница и додаде дека „болниците се наоѓаат на чекор пред распад, ако не се распаднат, тоа ќе биде поради натчовечките напори на лекарите и медицинските сестри”.
Можеби ќе ве интересира: