ШТО Е НОВО ДЕНЕС ВО ВРСКА СО КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУС

Вкупната бројка на заболени со коронавирус е 26 пациенти од кои 17 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје а останатите девет се во Дебар. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале во „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје направи контролни тестови кои го потврдија претходниот резултат.

Zito akcija 640x289px
Venko Filipce

“Најбитно да се спречи локалната трансмисија. Презедовме мерки, ги дополнивме, ќе преземаме и понатаму се што треба, се со цел да застанеме на патот на ширењето на инфекцијата. Единствениот начин е сите ние да се однесуваме одговорно. Сите информации се достапни, отворени сме за комуникација, за делење на навремени и точни информации. Мерките ќе ги заоструваме доколку има потреба. Сите 200 анестезиолози, 400 медицински сестри, дополнително на оној кадар со кој сега располагаме, согласно намалувањето на нивните редовни програми, сега се подготвени да се вклучат во третманот на ова заболување^, рече министерот Венко Филипче.

Agria

Околу 200 наши државјани кои се наоѓаат унгарско-српската граница, со организиран превоз ќе стигнат на Деве Баир. Најголемиот број работеле во ризичните региони во Италија, во Австрија, точните податоци ќе бидат регистрирани откако ќе се интервјуираат на влез во нашата земја.

Повеќе информации за оваа како и галеријата од фотографии и видео може да погледнете на следниов ЛИНК