Состојба на патиштата: Умерен сообраќај, не се чека долго на границите

Avtopat Veles-Skopje
Avtopat Veles-Skopje

До утре на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање. Поради тоа патниот правец е целосно затворен за сообраќај.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Agria

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

Поради градежни работи времен режим на сообраќај има на патните правци Струмица – Дабиље, на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: