Состојбата со корона вирусот во Велес е стабилна, повторно не е регистриран нов случај во изминатите 24 часа

veles nova 997x485
veles nova 997x485

Во ковид статистиката на Министерсвото за здравство, во последните 24 часа во Велес нема регистрирано нов случај на коронавирус, а нема регистрирано и ниту еден оздравен пациент. Активниот број на случаи во градот е 14.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Agria

Во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид – по 3, Прилеп, Тетово и Кичево – по 2, Гевгелија и Виница – по 1.

Регистрирани се 48 оздравени пациент од:

Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен – по 3, Куманово,Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица:

2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: