Состојбата со коронавирусот и натаму стабилна, Велес повторно не е во статистиката на заразени во изминатото деноноќие

Veles od kaj mene JULI 2021

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа на територијата на Велес и велешко не е регистриран ниту еден случај на коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Девет нови случаи се регистрирани последните 24 часа од направени 1.973 тестирања. Четири во Скопје и Тетово и еден во Кичево. Не се регистрирани починати пациенти, а оздравени се 53 болни.

Agria

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22355/od-polnok-poevtin-dizel-benzinot-poskapuva/