Состојбата со коронавирусот стабилна, не се предложени нови мерки за новогодишните и божиќните празници

Бројот на регистрирани активни случаи на ковид-19 во земјава вчера падна под 5 000, а намален е и на околу пет проценти бројот на позитивни на вирусот од направени анализи. Во вчерашниот ковид-билтен од направени 4.572 тестирања регистрирани се 266 нови случаи на ковид-19, 717 оздравени пациенти, како и 15 починати лица, од кои седум се пријавени согласно регистарот од Мој термин.

Zito akcija 640x289px

Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов е на 25 што е за еден пациент повеќе од вчерашниот ден. Од нив, 16 имаат позитивни тестови, четворица пациенти се сомнителни на вирусот, а пет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.

Agria

Како што информира министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, најмногу од новорегистрираните лица 120 – се од скопје по што следат Битола со 25, Прилеп 22, Охрид 20 и Куманово и Кавадарци по 11.

Во Македонија веќе е регистриран првиот случак на омикрон, но не се предвидуваат дополнителни мерки.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: