Состојбата во велешкиот ковид центар стабилна, на кислородна поддршка 11 пациенти

bolnica Veles kovid
bolnica Veles kovid

Бројото на хоспитализирани пациенти во велешкиот ковид центар се намалува. Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 27 пациенти, 19 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а седум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 11 пациенти.

Zito akcija 640x289px

На инфективното одделение се сместени 23 пациенти, на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат четири пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар нема нови хоспитализирани пациенти, а испишани се четири пациенти со по еден негативен ПЦР тест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: