Македонскиот национален идентитет е историска, општествена и политичка реалност, исто како и идентитетите на другите етнички заедници во нашата земја, реагираше Советот на амбасадори.
По најавите дека македонскиот јазик и идентитет ќе бидат избришани од Извештајот на Европскиот парламент, од Советот порачуваат дека македонскиот идентитет не смее да биде предмет на негирање, условување или политизација во рамките на процесот на пристапување, ниту, пак, сведуван на симболични или тривијални одредници.
Советот ја повика и власта доследно да ги спроведе реформите, предвидени со Планот за раст.