Наќе Чулев министерот за внатрешни работи на својот фејсбук профил ја информира јавноста дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Ковид-19.
“Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 месецов, а тестот го направил на 6 месецов, кога е потврдено дека е позитивен”, пишува Наќе Чулев.
Последната негова средба со ова лице била на 24 минатиот месец. Досега ниту едно лице од кабинетот на министерот не е во изолација.