Спасени три лица од водите на Дојранското Езеро

dojran ezero

Тим на граничната полиција денеска спасил три лица во чамец зафатен од невреме во Дојранското езеро.

Zito akcija 640x289px

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека утрово, околу 8:30 часот, на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое со уште две лица се наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме.

Agria

Како што соопштија, ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето, поради што и покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото.

„Тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и во една драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност“, потврдија од ЦУК.

Операторот на 112 ја лоцирал точната локација на која се наоѓал чамецот и веднаш ја препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК. Оперативецот од СОК на ЦУК веднаш го известил СВР Струмица кој итно побарал помош од граничната полиција во Дојран (ПС за ГП и ГН Стар Дојран при РЦ за ГР Југ).

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40857/mtsp-penziite-prodolzhuvaat-da-se-isplakaat-na-pochetokot-na-meseczot-se-vraka-redovniot-nachinot-na-isplata-kako-pred-pandemijata/